Кина против соопштението на Г7 за Хонг Конг

Од:

Кина одлучно е против соопштението на земјите членки на Г7, кое се однесува на немирите во Хонг Конг, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг.

Во соопштението се наведува дека Г7 „го потврдува постоењето и значењето на кинеско-британската заедничка декларација од 1984 година во Хонг Конг“ и се повикува на избегнување насилства.

Протестите во Хонг Конг, кои се еден од најголемите предизвици за кинескиот претседател Си Џинпинг откако е дојден на власт во 2012 година, почнаа во јуни поради несогласување со законот за екстрадиција, кој овозможува на осомничените да им се суди во Кина, а каде, како што сметаат демонстрантите, тие не би имале праведно судење.

Законот во меѓувреме е суспендиран, а протестите прераснаа во широка борба за демократија во поранешната британска колонија, која во 1997 година е вратена под кинески суверенитет.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он