Кина: Проширен регионот што е под карантин, воведени национални мерки за откривање на новиот вирус

Од:

Властите во централната кинеска провинција Хубеи во централниот дел од државата, денеска објавија дека ги прошируваат мерките за спречување на ширењето на новиот вирус.

На 13-те градови веќе ставени во карантин во покраината, додадени се уште пет. Според проценките на западни медиуми, тоа значи дека 56 милиони луѓе веќе се изолирани од светот.

Мерките вклучуваат прекин на транспортните врски до и од тие градови.

Кинеските власти објавија дека воведуваат национални мерки за откривање на новиот вирус во возови, автобуси и авиони за да се спречи ширењето.

Ќе има прегледи на лице место и сите патници со симптоми на пневмонија веднаш ќе бидат префрлени во медицински центри, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија

Би можело да ве интересира

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините

Трамп упати „поздрав“ до Кина: Бевме глупава и беспомошна „боксерска вреќа“, но повеќе не

Трамп: Кина е многу потешко погодена од американските царини од 54 отсто

Трамп: Царините се „многу важни“ за националната безбедност на САД

„Самоуништувачко насилство“ – Кина вети решителни контрамерки против царините на Трамп

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски