Кина пријави голем скок на бројот на хоспитализирани со коронавирус

Од:

Кина пријави голем скок на бројот на хоспитализации поради Ковид-19 во текот на неделата што завршува на 15 јануари, се вели во неделниот извештај објавен од Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО, исто така, соопшти дека чека детални податоци од покраините за речиси 60.000 дополнителни смртни случаи во болниците поврзани со Ковид-19 минатата недела, кои не се вклучени во оваа бројка.

Бројот на лица хоспитализирани во Кина се зголеми за 70 отсто на 63.307 во однос на претходната недела, според извештајот на СЗО заснован на податоците обезбедени од Пекинг.

Ова е најголем број хоспитализации за една недела што Кина го пријави откако за првпат се појави Ковид-19 пред повеќе од три години.

На почетокот на декември, Пекинг го укина својот строг тригодишен анти-ковид режим на чести тестирања, забрани за патување и масовни затворања по големите протести што избија кон крајот на ноември, а случаите оттогаш се зголемија низ целата земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна