Кина предупреди дека нема мирно да гледа како протестите во Хонгконг се развиваат во „ситуација која не може да се контролира“, додека десетици демонстранти кои избегаа од полицијата во зградата на универзитетот, успеаја да избегаат.
Тие прво од кровот на универзитетот во кој се затворија ги гаѓаа полицајците со стрели и молотови коктели, а потоа се спуштија со јаже и избегаа со мотоцикли.
Полицијата во Хонгконг претходно во соопштение се закани дека ќе одговори со борбена муниција ако демонстрантите употребат смртоносно оружје и прават други насилни дела.
Еден полициски службеник во Хонгконг вчера беше погодена со стрела кога полицијата употреби солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираа кампусот на универзитетот.
На фотографии објавени на „Фејсбук“ страната на полицијата, се гледа дека стрелата го погодила полицаецот во долниот дел на ногата, а полицијата соопшти дека е пренесен во болница.
Демонстрантите одбија да се повлечат, иако кон се движеа камиони со водени топови.
Демонстрантите почнаа да се повлекуваат кон зградата на Политехничкиот универзитет дури откако се стемни, плашејќи се дека ќе бидат заробени затоа што полицијата употреби солзавец и им пристапи од спротивна страна.
Демонстрантите потоа од кровот на универзитетот ги гаѓаа полицајците со стрели и молотови коктели.
Полицијата употреби солзавец и во други делови на Хонгконг, а во некои области имало директни судири со демонстрантите.
Полицијата предупреди дека насилните активности на Политехничкиот универзитет во Хонгконг ескалирале во немири.