Кина предлага формирање азиска безбедносна структура

Од:

Претседателот на Кина Сји Џинпинг повика на формирање нова азиска организација за соработка во сферата на безбедноста, во чија основа ќе биде регионална група држави, меѓу кои и Русија и Иран, пренесува БТА.

Оваа изјава тој ја упати од Шангај, на четвртата средба на Конференцијата за интеракција и мерки на доверба меѓу азиските земји, чие влијание Пекинг се обидува да го зајакне како противтежа на влијанието на САД. Форумот е формиран во 1992 година, по иницијатива на Казахстан и досега организираше главно дискусии. Меѓу останатите членки се Израел, Монголија, Узбекистан, Јужна Кореја, Тајланд и Турција, а вчера бројката се зголеми на 26 земји-членки, по придружувањето на Бангладеш и Катар.

Меѓу учесниците на конференцијата е и рускиот претседател Владимир Путин, кој од вчера е во посета на Кина, претседателот на Иран Хасан Рохани и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Кинескиот претседател посочи дека новата азиска безбедносна структура ќе се стреми кон воспоставување механизми за уредување на територијални спорови по пат на преговори и потенцираше дека поддржувањето на стабилноста ќе и овозможи на Азија да добие поважна улога во „воспоставувањето мултиполарен свет и демократија во меѓународните односи“, одбележува ДПА.

– Кина се стреми кон создавање на постојани механизми за размена на информации со земјите од регионот, насочени кон борба против тероризмот,  сепаратизмот и екстремизмот, рече кинескиот претседател.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски