Кинa постави нов рекорд во длабочина

Од:

Кинескaта подморница „Јиаолонг“ со својот екипаж постави нов рекорд во „Маријанскиот ров“, нурнувајќи се до длабочина од 6.908 метри под морето.

Информациите за најдлабоката точка во светот, „Маријанскиот ров“ постојано варираат, Последната бројка, вели дека е 11.022 метри под нивото на морето. Просечна длабочина е 4300 м.

„Јиаолонг“ го започна освојувањето денес, во 7 часот по локално време. По поставувањето на новиот национален рекорд, екипажот собра примероци од водата и стави свои обележја во дното на морето.

Минатиот петок подморницата нурна до 6.671 метри под вода, што само по себе пак беше нивни рекорд во споредба со минатата година, кога тие успеаа да стигнат до 5.188 метри.

„Јиаолонг“ ќе се обидуват уште неколку пати оваа година да стигнат најдлабоко што можат во водите на Пацификот. Целта им е да постигнат длабочина до 7.000 метри.

 

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски