Кина: Петнаесет мртви во експлозија во рудник

Од:

Во експлозија во рудник за јаглен во југозападна Кина денеска загинаа 15, а повредени се 18 рудари, јави Државната новинска агенција Ксинхуа.

Повеќе од 200 припадници на спасувачките тимови, пожарникари и полицијата го пребаруваат окното во рудникот во градот Лаису, во регионот Чонгчинг.

Експлозијата одекнала во раните утрински часови кога во рудникот имало 35 рудари, од кои двајца успеале да се спасат.

Во рудниците во Кина често доаѓа до несреќи, иако подобрувањата во сферата на безбедноста и затворањето на малите опасни рудници ја намалија стапката на смртност во изминатите години.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски