Кина печати нови учебници за 140 милиони ученици, целта е „јакнење на црвените гени“

Од:

Комунистичката партија на Кина спроведува голема реформа на учебниците во државата и до крајот на 2018. година сите 140 милиони ученици кои што поминуваат низ образовниот систем на Кина би требало да користат нов наставен материјал.

Првите две страници од новиот учебник по кинески јазик за прво одделение ги краси слика од деца во народни носи на 56-те етнички заедници. Учениците треба да погодат кои од нив се Хан Кинези, кои се Тибетанци, а кои Монголци. Нацртаните деца стојат пред кинеското знаме на плоштадот Тјенанмен во Пекинг и на глас извикуваат „Јас сум Кинез!“.

Учениците во прво и седмо одделение веќе започнаа со користење на новите учебници по кинески јазик, морал и право и историја.

Во новиот учебник по историја пишува дека Војната за отпор против јапонската инвазија не траела само 7 години, од 1937. до 1945., туку двојно повеќе, уште од 1931. година.

Денес Пекинг има „легитимен суверенитет“ над Тибет, Синкјанг и Тајван, над Сенкаку островите, кои се уште се под управа на Јапонија, во Источно-кинеското море и над сите острови во Јужно-кинеското море.

Раководството во Пекинг стравува дека може да го загуби влијанието врз младата генерација, која расте во отворена Кина со интернет, филмови и под влијание на западниот свет.

– Во новиот наставен материјал акцент се става на воспитувањето во духот на социјалистички вредности, класично образование и револуционерна традиција, рече во мај заменик министерот за образование Џу Џивен.

Тој изјави дека Пекинг не смее да седи со скрстени раце додека Јапонија во своите учебници негира одговорност за војната, а силите за независност во Хонг-Конг и Тајван веќе 20 години „го перат мозокот“ на тамошната младина.

Претседателот на Комунистичката партија Си Џинпинг побара уште во септември 2014. година на младите, освен комунистичките идеали, да им се пренесат и знаења од традиционалната поезија и книжевност, која треба да им се всади на младите од мали нозе за да стана дел од културниот ген на кинеската нација.

Старокинеските текстови, се најдоа во 12 томови „Кинески јазик“ за основните училишта. Враќањето на традицијата го одржува и методот за учење на кинеското писмо. Во првото поглавје од учебникот за шесто одделение учениците веќе започнуваат да учат и зборови без официјалната латиничка поддршка за кинескиот јазик.

По доаѓањето на власт на Си запрени се сите претходни експерименти во образованието и е воведен државен монопол на наставниот материјал.

Кога во 2001. година Кина се приклучи на Светската трговска организација, повеќе од стотина угледни образовни експерти објавија низа нови учебниците со кои сакаа да ги подготват кинеските ученици за глобализираниот свет во кој важност се придава на личната иницијатива и критичкото воспитување, меѓутоа сега тој процес е сопрен и новите учебниците повторно го воспеваат прилагодувањето на поединецот на колективот.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски