Кина: Палестина мора да стане полноправна членка на ОН

Од:

Кинескиот амбасадор во Обединетите нации Жанг Џун изјави дека Палестина мора да добие полноправно членство во ОН и додаде дека од седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Газа треба да се испрати јасна порака за единство за ситуацијата во Појасот Газа.

„И покрај меѓународниот консензус за воспоставување прекин на огнот, употребата на вето од постојаните членки за време на дебатите за минатите резолуции во Газа ги попречи тие напори“, рече Жанг на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Тој додаде дека недостига политичка волја и одлучност и го повика Советот итно да преземе иницијатива за воспоставување мир на Блискиот Исток.

Тој нагласи дека итен прекин на огнот мора да се смета за приоритет.

„Членовите на меѓународната заедница не треба да штедат дипломатски напори да промовираат прекини на огнот и да спречат понатамошно прелевање на конфликтот на целиот Блиски Исток“, изјави кинески дипломат, според веб-страницата на ОН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он

Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ