Кина откажа нуклеарен проект вреден шест милијарди долари, по протестите на населението

Од:

Кинеските власти ги откажаа плановите за изградба на инсталации за збогатување ураниум во градот Хошан во јужниот дел на Кина, откаки стотици демонстранти излегоа на улиците со барање за стопирање на проектот.

Според плановите комплексот требаше да се изгради на 230 хектари во провинцијата Гуандун, а проектот беше вреден шест милијарди долари.

Плановите на кинеските власти наидоа на негодување и од населението на соседните Хонгконг и Макао.

– Како одговор на барањата на населението властите во Хошан нема да го и предложат проектот на Кинеската национална нуклеарна корпорација, се наведува во кусото соопштение на вебстраницата на властите во овој кинески град.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски