Кина останува значаен економски партнер на Филипините

Од:

Наспроти територијалниот спор што Филипините го имаат со Кина, во врска со сувереноста над отворените води на Јужното Кинеско Море, економската соработка меѓу двете држави во последните пет години расте.

Ова го потврди филпинскиот министер за економија Цезар Пуризмо, кој соопшти дека во март годинава филипинскиот извоз во Кина бил 10,7 проценти од вкупниот извоз, а минатата година извозот во Кина бил 557 милиони долари. Тоа ја прави Кина трет по големина трговски партнер на Филипините.

Филипинскиот минетер ова го соопшти во рамките на тековниот Светски eкономски форум за источна Азија, што се оддржува во Манила, а на кој учествуваат повеќе шефови на држави и влади од регионот.

Министерот Пуризмо рече дека актуелниот и се поинтензивен спор со Пекинг не треба да влијае на се поголемата соработка во економијата и туризмот, а ја нагласи интензивната културна соработка меѓу двете држави.

Познавачите на состојбите во југоисточна Азија сметаат дека Кина и натаму ќе ја демонстрира својата позиција на суперсила во регионот, особено по најавите дека САД, по значителното повлекување од Блискиот Исток, најавува поголем политички, економски и воен ангажман во источниот дел на Тихиот Океан.

Би можело да ве интересира

Кина: Егзекутирана жена затоа што продала 17 деца, меѓу кои и сопствениот син

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините