Кина одлучи да го подобри процесот за именување шеф на извршната власт во Хонг Конг

Од:

Кина денеска соопшти дека ќе го „подобри“ процесот за назначување шеф на извршната власт на Хонг Конг, што беше едно од барањата на демонстрантите по петмесечните немири во таа поранешна британска колонија.

Шен Чунијао, официјален претставник на кинеската Влада за Хонг Конг и Макао, рече дека лидерите на Комунистичките партии на Кина на состанок зад затворени врати решиле да го „подобрат“ правниот систем во Хонг Конг.

– Мерката е донесена со цел да се зачува националната безбедност, рече Шен на прес-конференција.

Протестите во Хонг Конг се одржуваат од почетокот на јуни. Тие започнаа поради предлог законот за екстрадиција кој предвидуваше испорачување на осомничените во Пекинг, но набрзо прерасна во борба за демократски права и зачувување на слободите.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он