Кина: Новиот вирус можеби се пренесува од човек на човек

Од:

Кина покрена истрага за да утврди дали новиот вирус на птичји грип Х7Н9, од кој досега починаа 17 лица, се пренесува од човек на човек, изјави денеска претставник на кинеските здравствени власти, Фенг Зијиан.

Кинеските власти уништиле неколку илјади птици и затворија повеќе пазари со производи од живина, со цел да се успори пренесување на заразата врз луѓето.

Меѓутоа бројни аспекти на новиот вид на вирусот и натаму претставуваат мистерија за научниците, посебно прашањето дали се пренесува од човек на човек.

Кина предупреди дека бројот на заболените, кој засега изнесува 82 лица не е конечен. Повеќето од заболените и 11 смртни случаи се регистрирани во Шангај.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он