Кина наведува дека протестите во Хонг Конг прераснуваат во „екстремно насилство“

Од:

Настаните од Хонг Конг „целосно го надминаа обемот на слободата на демонстрирање“ и прераснуваат во „екстремно насилство“, соопшти портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе ДПА.

-Неодамнешните демонстрации имаа за цел да го оспорат владеењето на правото и социјалните права во Хонг Конг, заканувајќи се врз безбедноста на граѓаните и сериозно го оспорија принципот „една држава, два система“ , изјави портпаролот Генг Шуанг.

Тој додаде дека Пекинг ја поддржува лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, во нејзините напори да управува со градот според законот и ја поддржува градската полиција во напорите да го врати редот, јави ДПА.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он