Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Од:

Кина постави амбициозна цел на економски раст од „околу 5%“ за 2024 година, бидејќи нејзините лидери ветија дека ќе го „трансформираат моделот на раст“ во услови на значајни предизвици со кои се соочува кинеската економија, пишува Си-Ен-Ен.

Бројката, која е слична на минатогодишната цел за раст, ја објави кинескиот премиер Ли Кианг на отворањето на годишниот собир на Кинескиот народен конгрес (НПЦ), државниот законодавен дом на земјата, на кој во Пекинг ќе присуствуваат речиси 3.000 делегати.

„Стабилноста е од големо значење, таа е основа за се што правиме“, рече Ли за време на презентацијата на извештајот.

„Напредокот е нашата цел, тоа е она што не мотивира. Конкретно, мора да продолжиме со трансформацијата на моделот на раст, структурните прилагодувања и подобрувањето на квалитетот на животот“, рече тој.

Пекинг се обидува да ја зајакне довербата во кинеската економија додека се бори со проблематичниот сектор на недвижности, дефлаторните притисоци, егзодусот на странски капитал и лошата берза.

Кина, исто така, го претстави годишниот воен буџет за 2024 година, кој ќе се зголеми за 7,2% до 1,67 трилиони јуани (230,6 милијарди долари), според нацрт-буџетскиот извештај. Стапката на раст на буџетот за одбрана е иста како и лани.

Целниот бруто домашен производ (БДП) и воените трошоци се меѓу најгледаните бројки за време на конгресните собири.

Целта на БДП особено внимателно се следи оваа година бидејќи Кина се соочува со серија економски проблеми. Пред собирот, аналитичарите очекуваа најава за амбициозна цел од 5 проценти, со која лидерите се обидуваат да сигнализираат посветеност на зајакнување на кинеската економија и враќање на довербата во економијата.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала