Кина ja испраќа првата жена во вселената

Од:

Кина утре ќе ја испрати првата жена астронаут, Лиу Јанг, заедно со двочлена екипа во вселената.

Sendzou 9 (божествен брод) ќе полета кон вселената во 06:37 од космодромот во пустината Гоби.

Бродот ќе застане на модулот Тиангонг-1 (Рајското место), што во моментов кружи околу Земјата.

Екипата ќе остане на модулот за да изведе научни истражувања.

Мисијата е уште еден чекор во програмата која има за цел Кина да ја формира својата вселенска станица во орбитата до 2020 година.

Подготовките на Лиу Јанг беа секојдневно следени од медиумите затоа што по поранешниот Советски Сојуз и САД, Кина е трета земја во светот која испраќа жена во вселената користејќи ја сопствената технологија.

Лиу е еден од главните кинески воени пилот на борбени авиони. Таа е мажена, но нема деца.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио