Кина и САД во судир поради мисијата на ОН во Авганистан

Од:

Кина и САД не можат да постигнат договор околу резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за продолжување на политичката мисија на ОН во Авганистан. Пекинг би можел да стави вето, доколку во текстот не се спомене кинескиот глобален инфраструктурен проект „Еден појас, еден пат“, истакнаа дипломатски претставници.

Советот за безбедност требаше вчера да гласа за резолуцијата за мисијата УНАМА, но тоа е одложено за денеска со цел да се овозможи време за дополнителни преговори. Мандатот на мисијата завршува денеска, а за изгласување на резолуцијата се потребни девет гласови, и ниту една од петте постојани членки да не вложи вето.

Дипломатите очекуваат дека Кина ќе стави вето на резолуцијата, која е составена од Германија и Индонезија.

Мисијата на ОН е воспоставена во 2002 година и му помага на Авганистан во подготовки за избори и поддршка за придвижување на мировните преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците. Изборите се закажани за 28 септември.

Мисијата УНАМА се обновува секоја година со одлука на Советот за безбедност, а во изминатите три години резолуциите поддржувале проекти кои ја поттикнуваат трговијата и транспортот, како што е кинескиот проект „Еден појас, еден пат“.

Во март САД и западните земји се заложија тој дел да се отфрли од резолуциите, предизвикувајќи судир со Кина. Американскиот претставник во ОН ја осуди Кина тврдејќи дека резолуцијата е заложник на кинеските национални интереси, наместо да биде во интерес на народот во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот