Кина го спречува оддавањето почит на жртвите на плоштадот Тјенанмен

Од:

Кинеската полиција го забрани денеска пристапот до гробиштата, каде се погребани жртвите на крвавото задушување на демократските протести на пекиншкиот плошад Тјенанмен, што е дел од мерките за спречување на секаков вид на одбележување на 24-годишнината од инцидентите, кои се случија на 4 јуни 1989 година.

Полицајците ги оградија гробиштата Ванан, го блокираа главниот влез и побарале од новинарите на АФП да се оддалечат од местото, јави БТА.

Семејствата на студентите, убиени од кинеските војници, традиционално извршуваат церемонии во спомен на жртвите на тие гробишта, кои секогаш се спроведуваат под засилено присуство на силите за зачувување на редот.

Речиси 25 години поминаа, откако Комунистичката партија испрати тенкови за да се справи со демонстрациите во центарот на Пекинг, а годишнината од настаните и натаму останува деликатен момент за режимот, кој се стреми да не дозволи никакви јавни дискусии и манифестации за одбележување на загинувањето на студентите.

Оваа тема е табуза официјалните медиуми и Пекинг спроведува остра цензура на социјалните мрежи – денеска системите го блокираат секое пребарување за датумот 4 јули или на зборовите „Тјенанмен“ и „свеќи“.

Според податоците на организациите за заштита на човековите права стотици, па дури и илјадници млади беа убиени од кинеската армија при задушувањето на протестите на плоштадот. Пекинг го оправдува интервенирањето со мотив дека имало потреба од задушување на „контрареволуционерниот бунт“.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски