Кина го скрати карантинот за патници

Од:

Кина одлучи да ублажи дел од ограничувањата воведени поради коронавирусот, соопштија денеска нејзини здравствени претставници.

Меѓу другото, за два дена ќе биде скратен карантинот за блиски контакти на заболените, како и за патниците кои доаѓаат во земјата, а ќе бидат укинати и казните за авиокомпаниите поради донесување заразени патници, јавија дел од британските медиуми.

Според новите правила, луѓето кои имале близок контакт со заразено лице, имаат обврска пет дена да престојуваат во централен карантин и потоа уште три во дополнителна самоизолација.

Истото важи и за патниците кои доаѓаат во Кина.

Дел од медиумите пишуваат дека досега, за време на престојот во централен карантин, патници имале должност да направат пет ПЦР тестови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени