Кина го пријави првиот случај на птичји грип Х3Н8 кај човек

Од:

Кина го откри првиот случај на птичји грип Х3Н8 (H3N8) кај човек, но ризикот од ширење на болеста на други луѓе е низок, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Варијанта на вирусот е потврдена кај четиригодишно момче од централната провинција Хенан, кое развило треска и други симптоми на 5 април, соопшти Комисијата во вторникот. Детето дома било во контакт со кокошки и гаврани.

Варијантата Х3Н8 е честа кај коњите и кучињата, па дури е потврдена и кај фоките. Вирусот е одговорен за пандемијата на грип во 1889 година, позната како руски грип. Минатата година Кина го пријави првиот случај на човечка инфекција со вирусот Х10Н3.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна