Кина го осуди предлогот на канадскиот Парламент за правата на Ујгурите

Од:

Кина денеска излезе со остра осуда на постапката на канадскиот Парламент, што вчера како геноцид го оцени третманот на властите во оваа азиска земја кон муслиманското национално малцинство Ујгури, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, денеска изјави дека неговата земја изразува силно незадоволство и силно противење на предлогот за кинеската провинција Синџијанг, што го изгласа канадскиот Парламент.

Британските медиуми јавуваат дека канадскиот Парламент вчера усвои необврзувачки предлог, во кој се наведува дека кинескиот третман врз муслиманското малцинство Ујгури во регионот Синџијанг е геноцид, со што изврши силен притисок врз владата на премиерот Џастин Трудо да заземе поцврст став кон Кина.

Сите членови на владата беа воздржани од гласањето за предлогот на опозициската Конзервативна партија, што во Долниот дом на парламентот беше усвоен со 266 гласа.

Предлогот, исто така, повикува на лобирање во Меѓународниот олимписки комитет за преместување на Зимските олимписки игри 2022 година од Пекинг, доколку Кина не запре со геноцидот, пренесуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала