Кина ги поддржува властите во Хонконг против „незаконските протести“

Од:

Кина ги увери денеска властите во Хонгконг во целосната поддршка против „незаконските протести“ во поранешната британска колонија.

– Ја поддржуваме целосно владата на специјалниот административен реон, за да се справи со проблемот од незаконските дејности, изјави портпаролката на кинеското МНР Хуа Чунин.

Претходно денеска главниот администратор на Хонгконг Леунг Чун-јинг повика за неодложен прекин на продемократските протести.

Движењето „Окупирај го центарот“, кое е движечки фактор за демонстрациите, го отфрли тој апел.

– Ако Леунг поднесе оставка, „окупацијата“ ќе биде прекината, барем времено, изјави еден од протестните лидери. 

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он