Кина ги осуди протестите во Хонг Конг: „Му нанесуваат штета на владеењето на правото“

Од:

Кина ги осуди антивладините протести во Хонг Конг како разурнувачки, на една од ретките прес конференции на која некои кинески функционери ја коментираат кризата во овој автономен кинески град.

„Овие грозни инциденти тешко му наштетија на владеењето на правото, на јавниот поредок, стопанството и животот на луѓето во Хонг Конг.“, рече порпаролот на Уредот за работите во Хонг Конг и Макао во Пекинг, највисоката власт во оваа поранешна британска колонија.

Тој ги повика „луѓето од сите општествени слоеви едноставно да проговорат и станат против насилството“, и притоа обвини „мал број лица“ за нарушување на вредностите на регионот.

-Ниту една цивилизирана заедница нема да дозволи толку насилство, додаде тој.

Според пишувањето на „Саут Чајна Морнинг Пост“, ова е прва прес конференција што овој Уред ја оддржува од 1997 година и доаѓа по неколкуте недели протести против предложениот закон за екстрадиција на осомничените з акриминал во Кина.

Иако законот, што ги предизвика немирите во јуни, е одложен на неопределено време, стотици илјади демонстранти продолжуваат да го изразуваат своето незадоволство во финансискиот центар на градот, и, како што велат, против употребата на прекумерна полициска сила

Полицајците вчера испукуваа гумени куршуми и солзавец во обидите да ги протераат демонстрантите од владиниот и деловен кварт на Хонг Конг.

Тензиите ескалираа минатиот викенд која група мажи, облечени во бели маици, за кои се верува дека се членови на тријадата или локалната мафија, нападнаа демонстранти на железничка станица.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио