Кина ги брани своите активности во Јужното Кинеско Море

Од:

Кина денеска жестоко ги бранеше своите активности во спорните води на Јужното Кинеско Море соочена со критики на американски претставници на меѓународниот безбедносен самит во Сингапур.

Секретарот на САД за одбрана Ед Картер и други официјални лица остро осудија изградба на вештачко острово и останати активности на Кина во тоа море.

Картер рече дека активностите на Кина не се во согласност со меѓународни правила и оти претворање на подводно тло во аеродром нема да го прошири нејзиниот суверенитет.

Портпаролоката на кинеското МНР, Хуа Чунјинг рече дека САД даваат „апсурни изјави за кинескиот одамна востановен суверенитет и права создавајќи неволји и обвинувајќи ја Кина поради изградба на острови за кое има право“.

Американски официјални лица не коментираа какви чекори би презеле САД ако Кина продолжи со активностите во спорните води.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски