Кина: Г7 да не се меша во нашите внатрешни работи

Од:

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијан, денеска ја повика групата Г7 да престане да се меша во внатрешните работи на Кина.

-Позицијата на Кина за Хонг Конг, Синџијанг и Тајван е јасна и конзистентна. Таканаречената заедничка изјава на министрите за надворешни работи на земјите од Г7 ја игнорира нашата позиција и објективни податоци, злонамерно и лажно ја обвинува Кина и претставува мешање во внатрешните работи на нашата земја, изјави Жао, пренесе Тасс.

Според него, Народна Република Кина е многу незадоволна од оваа најава на Г7 и го изразува своето длабоко несогласување.

-Ги повикуваме земјите од Г7 да го отфрлат менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди и да престанат да се мешаат во внатрешните работи на другите земји, да престанат да повторуваат лаги и да поттикнуваат регионални конфликти, рече Жао.

Министрите за надворешни работи на Г7 минатата недела по средбата на шефовите на дипломатиите во Германија издадоа заедничка изјава со која повикаа на мирно решавање на споровите во Тајванскиот теснец и повторно ја повикаа Кина да се воздржи од закани и евентуална употреба на сила.

Во соопштението на Г7 се наведува дека земјите-членки се загрижени поради извештаите за кршење на човековите права во Кина, вклучувајќи ги Синџијанг и Тибет, како и континуираното кршење на правата, слободите и автономијата на Хонг Конг, пренесоа британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио