Кина: Евакуирани 300.000 лица поради тајфун

Од:

Повеќе од 300.000 лица се евакуирани од кинеската провинција Фуѓен, откако до неа пристигна тајфунот Сулик, соопшти локалниот Центар за контрола од поплави.

Кинескиот хидрометеоролошки завод соопшти дека тајфунот со силен дожд достигна брзина од 118 километри на час и дека денес предизвика одрони.

Во прекин се воздушниот, железничкиот и поморски сообраќај во Фуѓен и градскиот превоз во градот Нингде, каде што според прогнозите тајфунот наскоро би требало да пристигне.

На загрозените подрачја околу 5.500 војници учествуваат во акции за спасување.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он