Кина цензурира се што почнува на Кси

Од:

Кина забрани пристап на интернет-пребарувачите да се дојде до сите зборови што почнуваат со Кси (ХI), еден ден откако новинската агенција „Блумерг“ објави статија за богатството на кинескиот потпретседател Кси Џинпинг и неговото семејство.

Информациите на „Блумерг“ укажуваат дека богатството на поширокото семејство на заменик-претседателот Кси изнесува 376 милиони долари, но и јасно објаснува дека овие пари не можат да се најдат на име и презиме на потпретседателот, ниту пак неговото повлиско семејство, туку на други имиња. Агенцијата не спомнува никакви нелегални активности.

Сепак, кнеските власти одлучиле да го блокираат пристапот до вев-страниците на „Блуберг“ и „Business Week“ по натписот, а цензурата се прошири и на интернет пребарувачите каде што не може да се најде збор што почнува на „кси“ исто како и името на потпретседателот.

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски