Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун денеска ја посети Амбасадата на својата земја во Ханој. Тоа е прво место што Ким го посети откако пристигна во главниот град на Виетнам.
Тој на 23 февруари тргна од Пјонгјанг со воз во придружба на високи владини претставници и неговата сестра. Ким во Донг Данг пристигна со воз, а потоа до Ханој патуваше со автомобил. Патиштата од границата со Кина до Ханој, во должина од околу 170 километри, беа затворени, а припадници на војската и на полицијата се менуваа околу хотелот „Мелиа“, каде е сместен Ким.
Трамп синоќа полета од Вашингтон и треба да слета на меѓународнито аеродром Нои Баи.
Американскиот претседател на Твитер објави дека се радува на „многу продуктивен самит“ со Ким.
Главна тема на дводневниот самит Ким – Трамп ќе биде нуклеарната програма на Северна Кореја. Самитот во Ханој е прва средба помеѓу Трамп и Ким по „историската средба“ во Сингапур по осум месец, на која ветија дека ќе работат за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.