Ким: Нуклеарното оружје ја гарантира безбедноста и идината на Северна Кореја

Од:

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун изјави дека повеќе нема да има војна благодарение на нуклеарното оружје, што ја гарантира безбедноста и идината на земјата и покрај несмалениот надворешен притисок и воени закани, објавија денеска севернокорејските медиуми.

Ким тоа го изјави на вчерашното одбележување на 67-годишнината од завршување на Корејската војна, што траеше од 1950 до 1953 година. Во 1953 година потпишано е примирје помеѓу Северна и Јужна Кореја, но мировниот договор се уште не е потпишан, поради што двете држави технички и понатаму се во војна.

Тој додаде дека Северна Кореја развила нуклеарно оружје за да се стекне со „апсолутна сила“ со цел да спречи повторен вооружен судир.

– Сега сме способни да се одбраниме од каков било облик на притисок со висок инетнзитет и воени закани од империјалистите и непријателските сили. Благодарение на нашата сигурна и ефикасна самоодбранбена нуклеарна сили нема повеќе да има војна и безбедноста и иднината на нашата земја се цврсто, засегокаш загарантирани, посочи Ким.

Тој вчера ги посети националните гробишта и на воените официри им додели трофејно оружје по повод 67-годишнината од завршување на Корејската војна.

Државната новинска агенција КЦНА објави дека Ким ги посетил Гробиштата на мачениците од татковинската ослободителна војна во предградието на Пјонгјанг, каде се погребани загинатите во Корејската војна.

Ким на офицерите им додели комеморативни пиштоли „Паекустан“, наречени по светата планина во Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт