Ким најави подобрување на односите на Северна Кореја со светот

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска, на третиот ден од Конгресот на Работничката партија на Северна Корејка, изјави дека е неопходно земјата значително да ги подобри врските со светот.

Тој се осврна и на односите со Јужна Кореја, но не прецизира што ќе преземе.

– Општата ориентација и политичката позиција на нашата партија е сеопфатно ширење и развивање на надворешните односи, истакна Ким.

Експертите претпоставуваат дека Пјонгјанг ќе стапи во контакт со Јужна Кореја, а најверојатно Ким сака разговори и со администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.

Ким на првиот ден од Конгресот, изјави дека неговиот петгодишен економски план од 2016 година не ги постигнал своите цели во „речиси ниту еден сектор“.

– Стратегијата требаше да биде реализирана минатата година, но целите страшно изостанаа во речиси сите сектори, наведе Ким.

Ким дојде на власт кон крајот на 2011 година, заменувајќи го неговиот татко Ким Џонг-ил. Тој денеска кој денеска полни 37 години.

На Конгресот учествуваат 4.750 делегати и 2.000 набљудувачи, а на фотографиите се гледа дека никој не носи маски, а нема ниту физичка дистанца, за разлика од претходните јавни настани во Северна Кореја.

Досега во Работничката партија на Северна Кореја одржала осум конгреси, а овој е втор за мандатот на Ким. Претходниот Конгрес траеше четири дена.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт