Ким Џонг Ун забрани користење странски цигари

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун им наредил на официјалните лица од државата под итно да престанат да користат странски цигари, бидејќи тоа докажува дека не се патриоти.

Ким кој што и самиот е пушач, рекол дека нема потреба да пушат странски цигари во неговата држава, кога домашните имаат одличен квалитет.

Според наводите Ким Џонг Ун смета дека конзумирањето странски цигари претставува недостаток на патриотизам.

Инаку не е познато која марка на цигари користи севернокорејскиот претседател, но можно е поради оваа наредба да биде прекинат увозот на странски тутун, но не се знае дали овие мерки ќе влијаат на конзумирање на шверцуваните јужнокорејски цигари.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“