Ким Џонг-ун: Северна Кореја поседува хидрогенска бомба

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска објави дека Северна Кореја поседува хидрогенска бомба.

– Успеавме да станема голема нуклеарна сила, која е способна да ги заштити независноста и националното достоинство на нашата татковина со напади со нуклеарни и хидрогенски бомби, изјави Ким при посета на модернизирана фабрика за оружје во Пјонгјанг.

Тој при тоа нагласи дека како резултат на геополитчките односи во регионот на Источна Азија, Северна кКореја е принудена да продолжи активно да ја развива својата воена индустрија.

Како што јави ТАСС, засега нема никаква друга потврда од независен извор или од самата Северна Кореја дека земјата поседува хидрогенска бомба.

Според американски експерти, Северна Кореја најверојатно се подготвува за нови ракетни проби во текот на првиот квартал од 2016 година. Ваквото тврдење се базира на податоци од сателитски снимки, кои укажуваат дека властите во Пјонгјанг врши модернизација на нивниот главен полигон за лансирање ракети.

Северна Кореја тврди дека на тој полигон развива сопствена вселенска програма за научни потреби, но западните земји сметаат дека на таа локација земјата всушност работи програма за развој на балистички ракети со голем дострел, со што крши неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт