Северна Кореја е во финална фаза пред тестирањето на меѓуконтинентална балистичка ракета, изјави денеска севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во новогодишното обраќање.
Во обраќањето, кое беше емитувано на телевизија Ким истакна дека Пјонгјанг добил статус на нуклеарна сила во 2016 година.
Тој се закани дека ќе ја зголеми борбената готовност на армијта, ако САД не ги стопираат вежбите со Јужна Кореја, јави јужнокојреската агенција Јонхап.