Ким Џонг-ун повторно вети денуклеаризација

Од:

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, во своето новогодишно обраќање изјави дека е подготвен повторно да одржи самит со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Тој, исто така, побара од САД со одговорни постапки да реагира на досегашните чекори кои ги презеде Северна Кореја во однос на денуклеаризацијата, бидејќи тие ќе побараат алтернативен пат ако Вашингтон погрешно го оцени нивнотот трпеие и продолжи со санкции против Северна Кореја.

Лидерот на Северна Кореја исто така повторно повика за комплетно завршување на заеднички маневри од страна на армиите на Јужна Кореја и САД кои се одржаа двапати годишно.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пред неколку дена му испрати на американскиот претседател Доналд Трамп помирлива порака во моменти кога застанаа преговорите за нуклеарната програма на оваа земја, објави јужнокорејски весник.

Пораката на Ким во облик на писмо е предадена во петокот, наведува весникот, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори. Во извештајот не се наведуваат детали од пораката, но пишува дека се однесува на преговорите меѓу двете земји и дека има помирлив тон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија