Ким-Џонг-ун ја повика армијата да биде подготвена да се справи со САД

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким-Џонг-ун ја повика армијата да се модернизира и да гарантира дека е способна да победи во секој евентуален судир со САД.

Ким претседаваше со седницата на Централната воена комисија и пред присутните ги потенцираше важните задачи за идниот развој на Корејската народна армија и начините за нивно постигнување.

Тој ја потенцира неопходноста да се подобри функционирањето и улогата на политичките органи на армијата за да може да се зачува славната историја и традиција вооружените сили  да бидат во служба на партијата, да извојуваат една победа по друга во евентуалните судири со САД и да ја исполнувата својата задача како ударна сила и лидер во изградбата на една просперитетна нација, јави БТА.

Американскиот претседател Барак Обама предтходно ја предупреди Северна Кореја дека е подготвен да ја употреби својата воена моќ за да ги заштити американските сојузници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“