Ким Џонг-ун ја понесе својата ќерка на лансирање проектил

Од:

Татко и ќерка шетаат рака под рака покрај оружје за масовно уништување. Ова го покажа Северна Кореја на светот во саботата кога државните медиуми ги објавија првите фотографии на Ким Џонг Ун со дете за кое се верува дека е неговата ќерка Џу Ае, во посета на интерконтинентална балистичка ракета, пишува Си-Ен-Ен.

Северна Кореја соопшти дека ракетата лансирана во петокот од меѓународниот аеродром во Пјонгјанг е Хвасонг-17, огромна ракета која теоретски може да носи нуклеарна боева глава до копното на САД.

Дали е таа наследничката?

Сепак, дури и откако Ким предупреди дека неговите нуклеарни сили се подготвени да се вклучат во „вистинска војна“ со Вашингтон и нејзините сојузници Јужна Кореја и Јапонија, вниманието на светот го привлече девојчето, а не проектилот.

Што значеше нејзиното присуство на лансирањето? Дали таа може да биде можен наследник на Ким? Каква врска има 9-годишно девојче со нуклеарно оружје?

Леиф-Ерик Исли, вонреден професор по меѓународни студии на Универзитетот Евха Воманс во Сеул, рече дека присуството на девојчето треба да се гледа од домашна перспектива.

„Надвор од Северна Кореја, можеби изгледа лудо да се позира пред камерите рака под рака со дете пред проектил со долг дострел дизајниран да носи нуклеарно оружје. Но, внатре во Северна Кореја, наводното успешно лансирање на најголемиот мобилен во светот ICBM е причина за национална прослава“, рече Исли.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“