Ким Џонг-ун им вети на сонародниците подобар животен стандард

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун им порача денеска во новогодишното обраќање на своите сонародници дека зголемувањето на нивото на животниот стандард е негов главен приоритет, како и дека е неопходно да се направи пресврт во економскиот развој на земјата.

Тој во својот получасовен телевизиски говор не се осврна на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја, иако ја спомена важноста од развивање на различни офанзивни воени опции.

„Корејската работничка партија ги дава главните приоритети на подобрување на животниот стандард на луѓето меѓу милиони друг национални задачи, рече Ким.

Тој ја потенцира потребата од унапредување на производството и неефикасноста во серија сектори, од енергетика до земјоделство, сточарство и риболов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“