Актуелниот лидер на Северна Кореја, Ким Џонг Ун е политички сирак, тврди Џанг Џин Сунг кој бил еден од омилените режимски писатели на врховниот водич Ким Џонг Ил.
Британски „Гардијан“ пренесе изјави на граѓани од Северна Кореја, кои се наоѓаат на привремена работа во Кина, а тврдат дека народот повеќе не верува во пропаганда на партијата и лидерот.
-Кога Ким Џонг Ил почина и го наследил Ун, луѓето забележаа пренос на власта од татко на син. Она што не го видеа, беше тоа што се случи со апаратот на тоталитарниот систем кој што го подржуваше Ким Џонг Ил, вели Џанг во интервју за Си Ен Ен.
Тој апарат под име Одделение за организација и лидерство, изобилува со колеги на Ким Џонг Ил од факултетот. Според зборовите на Џанг, тоа е еден вид „братска мрежа“, која е преформулирана во организација за општа контрола.
-Ким Џонг Ун можеби има пријатели од швајцарското училиште кое го посетуваше како тинејџер, но нема никого во внатрешноста на Северна Кореја. По убиството на неговиот тетин, Џанг Сонг Тек, Ким стана сирак, не само во смисла на семејните врски, туку и во смисла на политиката. Ким Џонг Ун го наследи лидерството по смртта на татко му во 2011 година.
Според зборовите на Џанг, тој во тоа време за било што да направи, морал да бара поддршка од татковата „братска мрежа“, но нејзините припадници не го почитувале како татко му. Поради тоа, тој според писателот е само симболичен лидер на Северна Кореја.
-До денот кога го сретнав Ил, јас го сметав за совршено суштество, свето лице, некој вид на мудрец, како некој кој е подобар од нас, кој го жртвувал сопствениот живот за својот народ, појаснува Џанг и додава дека дури и мислел дека Ким постариот никогаш не оди во тоалет.
Писателот му го привлекол вниманието на диктаторот, кој што го повикал на приватен прием.
-Човекот кој стоеше пред мене, беше човек, човечко суштество. Не беше светец, ниту беше Господ. Беше само човек како мене, кој користи тоалет- вели Џанг.
Во последно време во јавноста се повеќе се шпекулира дека режимот на Ким Џонг Ун е„ пред умирање“.
Неодамна протече информација дека постои кинески документ, според кој Ун ќе заврши во кинески затвор кога ќе падне севернокорејската влада.
Е. Г.