Ким Џонг-нам убиен со смртоносен нервен агенс Ве-Икс

Од:

Малезиската полиција соопшти денеска дека полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам е убиен со хемиски нервен агенс Ве-Икс (VX), кој е пронајден во неговото тело и сега истражува како таа хемикалија влегла во земјата.

Станува збор за еден од најсмртоносните хемиски оружја, кое е создадено од човек, а САД го класифицираат како оружје за масовно уништување.

Само 10 милиграми од тој нервен агенс или една капка може да убие за неколку минути, наведуваат експертите.

Ве-Икс е без вкус и мирис, така што личноста која е изложена на него воопшто не е свесна за тоа и тешко можат да го детектираат аеродромските сензори, доколку се внесе во мали количини.

Симптомите по контактот со Ве-Икс во форма на испарување се појавуваат по неколку секунди и траат до 18 часа по изложувањето на тој агенс во течна состојба, појаснуваат експертите.

Ве-Икс, кој по текстура потсетува на маслиново масло, прв пат е произведен во Велика Британија во 50-те години од минатиот век, а може да предизвика грчеви и тресење на телото, губење на свеста, парализа и задушување во рок од неколку минути.

Тешко се произведува, но се знае дека неколку земји го произведуваат и поседуваат, а САД и Русија се уште имаат резерви од овој нервен агенс.

Ким Џонг-нам (46) е убиен на 13 февруари на Меѓународниот аеродром во Куала Лумпур со отров со брзо дејство додека се подготвувал да се качи во авион за Мароко, каде живеел во егзил со семејството, под заштита на Пекинг.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт