Киламба, град – сениште

Од:

Во Африка никна нешто невидено, огромен град-сениште. Станува збор за новиот град Киламба, изграден на околу 30 километри од Луанда, главниот град на Ангола.

Киламба бил изграден за помалку од 3 години од корпорацијата China International Trust and Investment Corporation , сопственост на владата на Кина, во рамките на програмата за изградба на градови-сателити. Тоа е најголемиот сличен проект во регионот. Во новиот град, кој зазема 5.000 хектари, се изградени 750 станбени блокови, 12 училишта и повеќе од сто трговски објекти. Градот, чија изградба чини 3.5 милијарди долари, е предвиден за околу половина милион луѓе, кои тешко дека ќе се појават таму, коментира BBC.

Киламба беше замислена од Владата на Ангола како скапоцен камен во повоената реконструкција на државата. На фотографии и филмови се прикажани насмеани семејства кои раскажуваат како уживаат во прекрасниот нов стил на живот, далеку од правот и хаосот на Луанда.

Но, луѓето прикажани во видеото, се само актери. Непопуларност на проектот е во неговата вредност – домовите објавени за продажба тука чинат помеѓу 120 000 долари и 200.000 долари. Фрапантни суми за најмалку две третини од жителите на Ангола, кои живеат со помалку од 2 долари дневно.

Неколку локални банки нудат спасувачки хипотеки, но условите на кредитите се такви што од нив се воздржуваат дури добро и платени вработени .Сега властите во Ангола размислуваат да ги дадат становите под некаква форма на долгорочен лизинг, но речиси никој не верува во одрживоста на овој проект.

Година откако беа објавени првите 2800 апартмани за продажба, купени се само 220 од нив.

Киламба е изграден со кредит од Кина, која Ангола ќе го плаќа со нафтата. Ако Анголска власти не успеат да ги продадат становите, инвестициите ќе бидат залудни . Односно, нафта ќе отиде во ветер.

Проектот Киламба му помогна на претседателот Жозе Едуардо Туш Санту да биде избран со големо мнозинство во 2008 година, бидејќи вети дека ќе изгради 1 милион домови за анголците во следните четири години.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени