Киев: Турција може да биде меѓу гарантите на нашата безбедност

Од:

Турција е меѓу земјите кои би можеле да му дадат безбедносни гаранции на Киев во рамките на каков било договор со Русија со цел да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Ихор Жовкa.

„Турција е меѓу земјите кои би можеле да бидат гарант за нашата безбедност во иднина“, рече Жовка пред да продолжат преговорите меѓу двете страни во Турција.

Киев претходно побара правни безбедносни гаранции од неколку сојузнички земји во случај на идни напади.

Како што беше соопштено вчера од турското претседателство, следната рунда преговори меѓу руската и украинската делегација ќе се одржи во вторник во Истанбул.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ

Првата одлука на Стејт департментот по хаосот во Белата куќа: Се укинува поддршката за Киев

Предраг Петровиќ

Захарова: Вистинско чудо е што Трамп и Венс не го удрија Зеленски

Предраг Петровиќ

Поддршка за Зеленски од Европа

(ВИДЕО) Новинарот на Трамп до Зеленски: Зошто не носиш костум, дали воопшто имаш?

Се јави Зеленски по фијаското со Трамп

Предраг Петровиќ