Киев расформира баталјон од доброволци за „незаконски дејствија“ на негови борци

Од:

Украинското Министерство за одбрана го расформира баталјонот доброволци „Ајдар“ и го преобразува во единица на копнени војски на украинските вооружени сили, изјави во Киев шефот на прес-службата на Генералштабот Владислав Селезњов, јави ТАСС.

Според него, одлуката е поврзана „со неопходноста од спречување на незаконски дејствија на баталјоните доброволци“.

Претходно, украинското воено обвинителство покрена повеќе судски дела за криминал, во кои се обвинети борци од баталјонот „Ајдар“.

Според соопштението, властите ја донеле одлуката да го расформираат баталјонот доброволци, затоа што на Киев му било тешко да ги контролира.

Би можело да ве интересира

Русија: Оружје на НАТО е користено во нападот на Киев на Белгород

Русија: Бројот на жртвите од украинскиот напад на Белгород се зголеми на 15

Украина итно испраќа резерви во регионот Харков за да ја запре руската офанзива

Украина: Русија изврши комбиниран напад со дронови и ракети, двајца се повредени во Харков

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација