Киев поднесе обвинение за воени злосторства против Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер одговори: „Одредете ја локацијата“

Од:

Службата за безбедност на Украина (СБУ) поднесе обвинение за воени злосторства против шефот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров.

СБУ на социјалните мрежи објави дека собрала „безусловни докази за воените злосторства извршени од Рамзан Кадиров“.

Покрај лидерот на Чеченија, собрани се и докази за воени злосторства извршени од заменик-шефот на одделот на руската Национална гарда за Чеченија Даниил Мартинов и еден од командантите на Националната гарда Хусеин Межидов.

По информациите од Киев, Кадиров најави подготвеност да се сретне со членовите на СБУ, кои го обвинија за воени злосторства.

-Одредете ја локацијата каде треба да се појавиме, со задоволство ќе дојдеме да видиме кој е криминалец, кој е убиец, а кој е терорист. Немате ниту чест ниту совест – напиша Кадиров на својот канал на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ