Киев: ОБСЕ за борба против трговија со луѓето

Од:

Во Киев започна конференција на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) за борба против трговијата со луѓе, заштита на жртвите и процесуирање на одговорните.

Шефот на украинската дипломатија Леонид Кожара го прочита соопштението на украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој сите држави учеснички ги повика да учествуваат во искоренување на овој вид модерно ропство, се наведува во соопштението на ( ОБСЕ).

– Има премногу фактори кои допринесуваат трговијата со луѓе да се шири, но нема акции таа да се сопре. Заедно можеме да создадеме подобра иднина за генерациите кои што доаѓаат и да ги урнеме безбедните места на криминалците – изјави Кожара.

Генералниот секретар на (ОБСЕ), Ламберто Занијер ја поддржа идејата за заедничка борба против трговијата со луѓе и истакна дека таа треба да ги содржи сите методи кои може да се искористат за пронаоѓање на жртвите и казни за одговорните, стои во соопштението.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина