Киев ќе ги казни странските набљудувачи на изборите во Донбас

Од:

Украинските власти објавија список на странски набљудувачи, кои во неделата ги следеле изборите во сепарастичките области во источна Украина и ги прогласи за непожелни во земјата, информираа чешките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, меѓу 18. лица од Словачка, Бугарија, Италија, Унгарија, Австрија, Грција, Белгија, Србија, Франција и САД, има и тројца Чеси.

Во Извештајот за нивните мисии во Доњецк и Луганск, кои Министерството ги означи за незаконски, набљудувачите се нарекуваат „најодвратни антидемократски политички сили“.

Учеството на овие луѓе во „незаконските процеси на територијата која привремено е контролирана од бандити и странски платеници“, според украинските власти, е недопустливо.

Киев затоа побарал од украинската Служба за контраразузнавање (СБУ) да испита дали нивните активности се во согласност со законите.

Прогласувајќи ги за непожелни лица, украинската дипломатија. за незаконските активности ќе ги информира и владините органи во нивните матични земји.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина