Киев ja обвини Русиja дека извршила артилериски напади врз украинска територија

Од:

Украина денеска ја обвини Русија дека извршила артилериски напади врз источниот дел на нејзината територија, првпат по склучената спогодба за прекин на огнот, во септември, соопштија француските медиуми.

-За првпат по Минските договори беа обновени нападите од страна на Руската федерација врз украинска територија, изјави армискиот портпарол Андриј Лисенко.

Според него, артилериските напади биле извршени од рускиот регион Ростов врз селото Комишне, во Луганската област, во близина на руската граница.

-Русија не се ни обидува да ги почитива Минските договори (што  послужија   како основа за прекинот на огнот) Таа продолжува да ги вооружува бунтовниците и да испраќа редовна војска во областите од источна Украина што се конторолирани од проруските сепаратисти, додаде Лисенко.

Тој, исто така, забележа дека бунтовниците „значително го засилиле“ гранатирањето крај стратегиското пристаниште Мариупољ, на Азовско Море.

Преди извесно време сепаратистите овој стратегиски град, последната голема населба во регионот под контрола на Киев, го прогласија за својата следна цел, потсетуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион