Киев ја обвини Германија дека го охрабрува Путин

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја обвини Германија дека го „охрабрува“ рускиот претседател Владимир Путин по одбивањето на Берлин да му достави оружје на Киев, кој стравува од руска инвазија.

dobivaj vesti na viber

Русија распореди десетици илјади војници на границата со Украина, поради што Западот се плаши дека подготвува инвазија.

Во тој контекст, САД, Велика Британија и балтичките земји најавија дека испраќаат оружје во Украина, поточно противвоздушни и противтенковски ракети.

Германија денеска соопшти дека во февруари ќе и достави полска болница на Украина и ја отфрли идејата за испраќање оружје.

– Денес единството на Запад кон Русија е поважно од кога било, напиша Кулеба на Твитер.

– Германските партнери треба да престанат да го поткопуваат единството со такви зборови и дела и да го охрабрат Владимир Путин да започне нов напад врз Украина, рече Кулеба.

Тој додаде дека Украина и е благодарна на Германија за веќе дадената поддршка, но оти сегашните изјави се разочарувачки.

Германија веќе и испорача респиратори на Украина, а тешко ранетите украински војници се лекуваат во германските болници, изјави денеска германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во интервју за „Ди Велт“. Таа додаде дека испораката на оружје сега нема да придонесе за смирување на кризата.

Русија негира дека планира каков било напад, но за деескалација бара писмени гаранции за безбедност, вклучително и дека Украина нема да стане членка на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва ја поддржа одлуката на СПЦ да ја призне МПЦ

А1он

Вашингтон пост ја укина претплатата за читателите во Русија и Украина

А1он

Столтенберг: На Русите не им оди според планот, ќе изгубат во Украина

А1он

СПД: Поразот на изборите во Северна Рајна-Вестфалија не го менува ставот на Владата кон војната во Украина

А1он

Русија го прекина извозот на струја за Финска

А1он

Русија и Украина се договорија за хуманитарен коридор за ранетите војници од Азовстал

А1он