Киев и Москва постигнаа нов договор за транзитот на руски гас низ Украина

Од:

Руските и украинските компании потпишаа финален петгодишен договор со кој гарантираат дека транзитот на руски гас за Европа ќе минува низ Украина, соопштија руската државна компанија „Газпром“ и украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Британските медиуми пренесуваат дека договорот е потпишан само 24 часа пред истекот на претходниот договор за транзит на руски гас.

Британските медиуми додаваат дека договорот е постигнат по петдневни тешки преговори на двете страни и по состанокот на Зеленски со рускиот претседател Владимир Путин, претходно овој месец.

-По пет дена непрекинати билатарални разговори во Виена, донесена е конечната одлука и постигнат е конечен договор, соопшти генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер.

Зеленски изрази задоволство од постигнатиот договор, додавајќи дека договорот со Русија може да биде продолжен за дополнителни 10 години.

-Европа знае дека нема да застанеме кога е во прашање енергетската безбедност, порача Зеленски на Фејсбук, додавајќи дека Украина од петгодишниот договор ќе има добивка од најмалку седум милијарди американски долари.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари