Киев доби „зелено светло“ за употреба на авионите Ф-16 на руска територија

Од:

Холандија потврди дека Украина може да користи Ф-16 на руска територија во согласност со меѓународното хуманитарно право.

Украина може да ги користи борбените авиони Ф-16 пренесени од Холандија на територијата на Русија, изјави за НОС командантот на вооружените сили Оно Ајхелсхајм.

Според Ајхелсхајм, Холандија, исто така, им дозволува на вооружените сили слободно да користат друго испорачано оружје на бојното поле, притоа почитувајќи го меѓународното хуманитарно право.

„Сакаме Украина да победи во војната и правиме се што е можно за да ја постигнеме оваа цел“, нагласи воениот командант.

Холандија вети дека ќе и обезбеди на Украина 24 авиони Ф-16. Сепак, Ајхелсхајм не откри колкумина се веќе распоредени во земјата. На крајот на јули се дозна дека првиот авион Ф-16 од Холандија пристигнал во Украина. Според медиумите, во Украина пристигнале шест борбени авиони.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“