Киднапирањата како оружје на Хамас

Од:

Киднапирањата на војници и цивили во израелската јавност очигледно предизвикуваат поголемо внимание од случаите на убиствата. Хамас затоа сака да ги користи киднаперите како оружје и се обидува во свои раце да добие некои Израелци.

Израелската војска ја продолжи копнената офанзива на Појасот Газа. И додека во крвавите борби на регионот Газа гинат се повеќе луѓе, радикалното палестинско движење Хамас ја проширува својата стратегија. Со постојани ракетни напади на Израел сака да демонстрира постојана борбена сила. Со киднапирање на Израелци Хамас очигледно дополнително сака да се обезбеди за идни преговори. Ал-Касам бригадата како воено крило на Хамас објави дека во ноќта во понеделникот киднапирале еден израелски војник. Портпаролот на израелската војска тоа не сакаше да го потврди, но ниту да го демантира. Освен тоа, според податоците на израелската војска веќе имаше повеќе обиди на киднапирање на Израелци на палестинска територија. Тоа буди сеќавање на младиот војник Гилад Шалит кој пет години бил во рацете на Хамас.

И најновата ексалација на насилства почна со киднапирање. Тројца студенти на еврејско верско училиште на возраст од 16 до 19 години на 13 јуни одведени се во западен Јордан. Со денови целата земја сочувствуваше со семејствата на тројцата млади момчиња. Секој Израелец можеше да се идентификува со погодените, смета израелскиот психолог Ирвин Мансдорф. – Тие имаа чувство дека нивните сопствени деца можеле да бидат на местото на тие момчиња – вели истражувачот на ерусалимскиот центар за односи со јавноста во разговор за Дојче веле.

Откако момчињата беа пронајдени мртви илјадници луѓе дојдоа на нивниот погреб. Истовремено израелската војска со рации одлучно се дигна против поддржувачите на Хамас. Веројатно поради одмазда на групата Израелци, уби 16 годишен Палестинец. Од Појасот Газа беа испалени повеќе ракети на израелските градови. На крај реагираше израелската војска со жестоки воздушни напади и копнена офанзива. До понеделникот попладнето загинаа над 500 Палестинци и 18 израелски војници.

Да се спречат киднаперите по секоја цена

Израелската јавност поинаку реагира на убиените војници отколку на киднапирањата. – Незнаењето и ранливоста која предизвикува можност за препуштање на милост и немилост на анонимни киднапери, се многу полоши од погребот на еден војник – изјави израелскиот новинар Аншел Пфефер по убиството на трите момчиња. И поради тоа израелската војска има насоки во случај на киднапирање на соборци да пука на возило на киднаперите. Важи правилото – да се спречи киднаперот по секоја цена, па дури и ако притоа загине киднапираниот војник – вели Пфефер во еден прилог за британскиот весник The Guardian.

Во 2006 година војската не можеше да го спречи киднаперот на Гилат Шалит. Палестинска група се проби низ тунел на израелска територија и ги изненади израелските војници во една нивна база. При тој напад двајца загинаа. Израелската јавност беше шокирана. Хамас знае како делува киднапер на Израелец. Еден убиен израелски војник додуша ја истакнува силата на борбеноста на Хамас, но инаку организацијата од тоа нема корист, смета Мансдорф.

– Еден убиен војник е тажен момент за семејството. Израел тагува, војник се погребува, и тоа е тоа – вели психологот. Но, еден жив војник има неизмерна вредност, тоа го видовме во случајот со Шалит.

Илјада Палестинци се пуштени за Шалит

Владата во Ерусалим со години залудно се обидува да го ослободи Шалит или да преговара негово пуштање на слобода. Дури и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри една размена. Во замена за пуштање во меѓувреме 25 годишниот Шалит Израел во 2011 година пушти на слобода над илјада палестински затвореници. Еден од нив според израелски податоци беше одговорен за смрт на Израелец. Размерот еден према илјада тогаш во израелската јавност наиде на силна критика. Сепак јавната идентификација со Шалит произведе потребен политички притисок. – Секој можеше да замисли дека тој војник е негов брат или син – вели Мансдорф, експерт на Ерусалимскиот центар за односи со јавноста. Таа идентификација може да се спореди со сочувството на јавноста поради тројцата киднапирани момчиња.

Според зборовите на Мансдорф, Хамас така своето делување го насочи на психолошко водење на војна. – Знаеме дека целта на Хамас е киднапирање на израелски војници или граѓани – вели психологот. На тоа укажуваат и обидите на палестинската борбена група која изминатите денови се обидоа да продрат во Израел. Кај нив, меѓу другото, пронајдени се средства за врзување и зашеметување со неко средство.

Со помош на подземните премини кои сами ги ископаа припадници на Хамас и други палестински групи во Појасот Газа, обезбедуваат не само достава на намирници од египетската територија, туку како и во 2006 година сакаат да доспеат на израелска територија. На југот на Израел, војската според сопствени наводи, во понеделникот наутро убила најмалку десет припадници на Хамас. Тие наводно се пробиле на израелска територија низ два тунела. Но и уличните борби во Појасот Газа за израелските војници кријат опасност да паднат во рацете на палестинските борци. А тогаш, според ставот на Мансдорф, случајот на Шалит може да се повтори. – Најдобрата проценка за понатамошно однесување е претходното однесување – вели тој.

Би можело да ве интересира

Командантот на Хамас и негови седум соборци загинаа во израелски воздушен напад

Се подготвуваа конечната верзија на мировниот договор Израел-Хамас

Хамас го обвинува Израел за смртта на израелските заложници

Хамас денеска ги повика Палестинците да се мобилизираат и да ги нападнат Израелците

Горан Наумовски

Бен Гвир: Критикувањето на Владата на Израел за нејзиното справување со заложниците му одговара на Хамас

Хамас повика на ескалација на сите форми на отпор и противење на инвазијата на израелската окупација